По онаа претходна победа против Шкендија пред само три дена, Академија Пандев сосема неочекувано доживеа убедлив пораз од 3-1 на гостувањето против Ренова во Тетово во првиот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Но, „гипсарите“ сосема заслужено стигнаа до трите бода, кои си ги обезбедија со три гола уште во првото полувремето и тоа во период од само 12 минути. Најпрво во 27. минута погоди Гафури, потоа во 36. минута за 2-0 стрелаше и Мишковски, и на крајот Лукаш Меирелеш погоди за 3-0 во 39. минута.
Почесен гол за гостите запиша Ѓорги Марков во 86. минута, за конечни 3-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

