ВИДЕО: Репрезентативците ја почувствуваа прекрасната „Планет груп арена“ во Гент

ЕКИПА во Гент,

Горан Бошев

Македонските репрезентативци во моментов го одработуваат официјалниот тренинг на прекрасната „Планет груп Арена“ во Гент пред утрешниот квалификациски натпревар со Белгија на патот за СП 2026 во САД, Мексико и Канада.

Избраниците на Благоја Милевски ја почувствуваа арената каде ќе се обидат да дојдат до историски резултат за себе и за Македонија, во желбата за задржување на лидерската позиција во групата во самата завршница од мундијалските квалификации.

Јасно е дека Белгија е голем фаворит, но јасно и дека оваа македонска генерација досега многу пати покажа дека и тоа како знае и умее да игра најдобро кога е најпотребно. Зошто да не биде и утре така…!?

Се вчитува...