ВИДЕО: „Рибари“ се појавија на тренинг на ГРК Охрид да ги поздрават после триумфот во Битола

Дел од навивачката група „Рибари“ утрово се појавија на тренингот на ГРК Охрид, за да ги поздрават ракометарите после вчерашната голема победа над актуелниот првак Е.Пелистер во Битола со 26-27.

Додека охриѓани тренираа, се појавија фановите на трибините кои пееја песни и со факели ги бодреа ракометарите, по што тренингот во еден момент беше прекинат.

Охрид има одлична сезона и на домашна и на меѓународна сцена. Тимот се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп и таму ќе ги одмери силите со Целје од Словенија.

Се вчитува...