Tаткото на Ламин Јамал, наголемата млада ѕвезда на ЕВРО 2024, Мунир Насрауи пред неколку деновиве беше прободен со нож на паркинг во Барселона.
Како што информираа шпанските медиуми, подебелиот крај го извлекол токму таткото на суперталентот на Барселона, кој веднаш бил префрлен во болницата „Кан Рути“ во Бадалона. Според првичните информации, неговата состојба сега е добра.
„Ви благодарам на пораките и охрабрувањата, сега се чувствувам подобро“ – порача денеска таткото на фудбалерот.
Полицијата веќе почната истрага за настанот сослушувајќи сведоци кои биле во близина кога се случил страшниот инцидент. Неофицијално, таткото на Јамал пред неколку дена бил во тепачка со неколку лица. На инцидентот му претходела жестока расправија од која се појавија и снимки на социјалните мрежи. Не е потврдено, но неофицијално станувало збор за кавга поради паркинг место.
🚨 ÚLTIMA HORA | El pare de Lamine Yamal ha sigut vist discutint amb uns veïns aquesta tarda
— 8tv.cat (@8tvcat) August 14, 2024
Momento en el que la policía llega para separar la pelea del padre de Lamine Yamal con sus vecinos
— ️ٓ️ (@CocoExiliado) August 14, 2024
А, според последните информации, наводно три лица се упасени, додека четвртото е во бегство, објави „Франс Прес“ повикувајќи се на извори од локалната полиција во градот. Лицата биле уапсени уште истата вечер. Според информациите, како и таткото на Јамал кој има потекло од Мароко, така и тие се со потекло од африкански земји.
Исто така се наведува дека Јамал бил забележан во болницата во која бил примен неговиот татко на околу десет километри од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

