ВИДЕО: Шкендија подобра од Динамо Тирана на „генералката“ пред Европа!

Шкендија триумфираше на „генералката“ пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Тетово, македонскиот шампион славеше со 2-1 против албанскиот прволигаш Динамо Тирана.

Шкендија поведе со голот на Красниќи во 31. минута од средбата.

Откако гостите израмнија преку Итодо во 41. минута, во вториот дел Јакупи во 67. минута погоди за триумф од 2-1.

Се вчитува...