Се чини без поголеми проблеми, многу полесно од очекувањата, Шкендија стигна до триумф од 0-3 на гостувањето против Шкупи во Маџари продолжувајќи со сигурниот свој чекор кон годинашната титула.
Шкендија дојде до водство во првото полувреме со голот на Ардијан Цуцули во 33. минута… Веќе победата беше најавена со голот на Ферхан Хасани во 80. минута по сосема оправдано досудениот пенал (и покрај протестите на фудбалерите на Шкупи), откако претходно голманот на домашните Суад Зендели го собори Ибраими во својот шеснаесетник. А, самиот Бесарт Ибраими во 88. минута стрелаше за конечни 0-3…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА