ВИДЕО: Шкендија ремизираше (1-1) со Домжале на првиот тест во Словенија

Македонскиот шампион Шкендија ремизираше (1-1) во првиот контролен натпревар за време на подготовките во Словенија.

Тетовци одиграа без победник против словенечкиот прволигаш Домжале во натпревар во кој Словенците дојдоа до водство со голот во 27. минута со голот на поранешниот вардарец Сенијад Ибричиќ, а Шкендија успеа да израмни во 75. минута со убавиот погодок од далечина на Асани…

Следни натпревари на Шкендија за време на подготовките во Словенија ќе бидат и против хрватскиот прволигаш Осијек и против украинска Ворскла Полтава.

Се вчитува...