ВИДЕО: Шкендија со гол од пенал на Ибраими води на полувремето со Борец

Шкендија има предност од 0-1 на гостувањето против Борец во Велес, на полувремето од првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци водството го обезбедија со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 25. минута, откако претходно Стојчевски стартуваше врз Тотре во својот шеснаесетник за оправдано досуден удар од белата точка.

Се вчитува...