Е. Пелистер е на добар пат да ја прекине серијата порази во Лигата на Шампионите откако битолчани одиграа одличо прво полувреме против Пик Сегед, со предност од 11-8 заминувајќи на одмор.
Битолчани доминираа на теренот во голем дел од мечот, имаа и „плус пет“ и напад за шест гола предност, па сосема заслужено со позитива ќе влезат во второто полувреме.
А натпреварот почна со атракција, првиот гол беше дело на Дејан Манасков, по беспрекорно додавање на Хосни македонскиот ас стрелаше мајсторски со лоб, на воодушевување на домашните фанови во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

