Видео: Симултанката на Ненад Димитријевиќ против Партизан

Ненад Димитријевиќ држеше час по кошарка на вчерашниот дуел со Партизан, на кој македонскиот ас постигна 30 поени против евролигашот од Белград.

Токму Димитријевиќ беше најзаслужен за триумфот на Уникс Казан и освоеното трето место во Супер-купот на ВТБ-лигата, а на јутјуб каналот на регионалното натпреварување беше објавено и видео од најдобрите потези на нашиот интернационалец.

Се вчитува...