Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, приреди необична сцена пред почетокот на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Босна и Херцеговина на стадионот „Билино Поље“ во Зеница.
Искусниот германски тренер се појави на теренот возејќи велосипед, изненадувајќи ги присутните навивачи и медиуми. Рангник е амбасадор на брендот чиј велосипед го возеше, па затоа неговиот настап имаше промотивен карактер.
Овој влез на селекторот на Австрија го привлече вниманието на сите на стадионот, а видеата набрзо се проширија на социјалните мрежи, каде што предизвикаа бројни реакции – од смеа до коментари дека Рангник секогаш наоѓа начин да се издвои од толпата.
Überragend: Verletzter #Rangnick düst mit dem eBike zum Pausentee. #BIHAUT #ÖFB pic.twitter.com/7Twq6VfrVs
— Jochen Tittmar (@teiteteemaer) September 9, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

