Ново огромно изненадување на Евробаскетот 2022. Турција по продолжение загуби со 83-88 од Грузија, во натпревар кој го одбележа скандалозното однесување на турскиот селектор Ергин Атаман.
На 20 секунди пред крајот на мечот, при досудена техничка грешка за турската селекција и кога беше сосема јасно дека Грузија ќе ја однесе победата, Атаман жестоко „распали“ кон судиите на мечот.
Откако доби и исклучување се реши и да се тепа со судијата, но беше отстранет на време од теренот од своите членови на стручниот штаб…
Menudo cabreo de Ataman pic.twitter.com/dWCFW2OCpI
— Barcelona 92 (@JJOOBarcelona92) September 4, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

