Екипата на Хамбургер после долги години се врати во Бундеслигата. Тимот пред неколку дена со победата од 6-0 на домашен терен, го почна славјето за „кам-бек“ во германската елита.
Но, тоа славје на навивачите скапо ќе го плати тимот. На видеата кои се појавија на социјалните мрежи по прославата на големиот успех, се гледа уништен терен на „Волкспарк“ стадионот во Хамбург.
И не само теренот, туку уништени се и резервните клупи, головите, но и неколку столчиња на трибините кои се искршени. На стадионот е оставено и многу ѓубре, пиротехника и други работи, кои сега клубот ќе мора да ги санира штетита.
Во славјето кое продолжи низ градот, повредени беа околу 50 лица, од кое едно потешко, а исто така имаше и неколку приведувања од страна на полицијата.
This is the condition of Hamburger SV’s stadium. Due to the pitch invasion from the fans after promotion to Bundesliga. 😲🇩🇪 pic.twitter.com/St3TVvVZxI
— EuroFoot (@eurofootcom) May 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

