По несреќата која синоќа се случи во Лестер, бројни навивачи на англискиот премиерлигаш од утрово се околу стадионот собирајќи се во страв дека животот го загубиле и членови на нивниот клуб меѓу кои и сопственикот Вишаи Шривадханапрабха.
За Шривадханапрабха веќе и категорично се тврди дека бил во хеликоптерот но се очекува официјалната информација кој уште бил со него. Се стравува дека во него бил и менаџерот на клубот Клод Пуел, како и ќерката на сопственикот на Лестер.
„Никој од тоа не може да излезе жив“ – велат сведоци на страшниот пад на хеликоптерот кој полета од центарот на стадионот веднаш по мечот меѓу Лестер и вест Хем.
Се наведува дека хеликоптерот е проектиран за шест патници и двајца членови на посада. Во меѓувреме беше соопштено дека причина за уривањето е дефект во моторот кој откажал веднаш по полетувањето. Хеликоптерот се запалил во лет и веднаш се срушил…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА