Максималниот ефект на стартот од сезоната Ливерпул го продолжи и со победата против Лестер од 2-1. „Црвените“ со голот на Џејмс Милнер од пенал во 95. минута запишаа осма победа, останувајќи на врвот од табелата сега со 24 бода.
Сепак, по завршувањето на натпреварот дојде до мешаница на теренот во која учествуваа фудбалери од двата тима. По мечот Брендан Роџерс изјави дека гостинските фудбалери ги испровоцира Енди Робертсон, но видео снимките покажуваат нешто сосема друго.
Се започна по провокација од Адам Лалана кој прва ја зеде топката, потоа го оттурна Каспер Шмајхел а потоа и уште неколку гостински фудбалери.
Look at Lallana ?? pic.twitter.com/IFzE0KqIwP
— Sam (@SamueILFC) October 5, 2019
По мечот и Јирген Клоп истакна дека судирот го предизвикал Енди Робертсон, но јасно е дека се почна од Лалана…
„Робертсон славеше после последниот судиски свиреж, веројатно го оттурна Перез и тука се почна“ – рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА