ВИДЕО: Сомнителен пенал за Шкупи – Ќосевски заработи повреда, а Алварез донесе водство за чаирчани!

Шкупи има предност од 1-0 од 57. минута во дербито против Струга ТЛ по еден крајно сомнително досуден пенал од најдобриот македонски судија Александар Ставрев.

Во 53. минута при една повратна топка пред голот на стружани, дојде до судир меѓу голманот на Струга ТЛ, Ведран Ќосевски и напаѓачот на Шкупи, Сандеј Адетунџи.

Се чини дека Ќосевски прв дојде во допир со топката, по што следеше судирот со Адетунџи, но главниот судија Ставрев се одлучи за пенал за Шкупи. Дискутабилна ситуација која ќе предизвика многу дополнителни анализи. Како и да е, на крајот Фреди Алварез успешно погоди од 11 метри за водство од 1-0 на чаирчани.

При таа ситуација повреда заработи и Ќосевски, кој собра сили да се обиде да го брани пеналот, но потоа поради повредата мораше и да го напушти теренот, па младиот голман Кристијан Китановски влезе на местото на Ведран Ќосевски веднаш во 58. минута по изведениот пенал на домашните.

Се вчитува...