Спектакуларен гол на македонскиот репрезентативец Јани Атанасов во јубилејната 100. дерби-пресметка од хрватскиот шампионат меѓу Динамо Загреб и Хајдук.
Хајдук има предност од 0-1 на полувремето на „Максимир“ во мега-дербито на Хрватска и тоа благодарение на спектакуларниот гол на Атанасов кој погоди од 25 метри во втората минута од судиското продолжение на првиот дел од средбата.
Атанасов го стартуваше натпреварот во дресот на Хајдук, а на спротивната страна во стартниот тим на Динамо Загреб се Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА