Баерн Минхен e веќе блиску до нова титулат во Бундеслигата откако славеше со 3-2 на гостувањето против Борусија Дортмунд во големото дерби на германскиот фудбал.
Херој на баварците беше Џошуа Кимих, кој со спектакуларен погодок во 87. минута го реши натпреварот и им донесе огромна радост на гостите од Минхен.
Претходно, домаќините поведоа во 26. минута. Нико Шлотербек се снајде најдобро по прекин и донесе предност од 1-0.
Во вториот дел Кејн израмни во 54. минута по асистенција на Гнабри, а во 70. минута Англичанецот реализираше и пенал за пресврт од 1-2, со својот 30-ти погодок сезонава.
Борусија израмни во 83. минута преку Филип Свенсон по асистенција на Марсел Забицер, па на крај следеше фантастичен гол на Кимих за 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

