Спектакуларен гол во македонското првенство. Беса има предност од 1-3 на гостувањето против Шкупи на Чаир во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, и тоа благодарение само на феноменалниот погодок на поранешниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски.
Ретко видено ремек-дело на македонските терени демонстрираше Стојановски во 60. минута од средбата на Чаир.
Откако украде една топка на средината од теренот, а гледајќи го истрчаниот домашен голман Денковски, се одлучи на шут од 50 метри и мајсторски погоди за 1-3…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

