ВИДЕО: Спектакуларниот гол на Андоновски од 35 метри за триумф на Новаци над лидерот Шкендија

Фудбалерите на Новаци го приредија најголемото изненадување во 14.коло од Втората македонска фудбалска лига со денешната победа од 1-0 против лидерот Шкендија Арачинов.

А, херој на домашниот тим беше Мартин Андоновски, кој без сомнение е ѕвезда број еден во денешното коло од Втората македонска фудбалска лига.

Андоновски постигна спектакуларен гол директно од слободен удар од околу 35 метри, за триумф на својот тим…

Се вчитува...