Силекс, во супер-драматичен меч во Охрид славеше по пресврт со 1-2 против Воска Спорт во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.
А, сето тоа благодарение на супер-пресвртот во последните минути од средбата и спектакуларниот гол на Илија Донов со шут од 30 минути во 92. минута.
Во втората минута од судиското продолжение Донов се одлучи на шут од 30 метри и феноменално погоди под гредата од голот на домашните.
А, охриѓани претходно одлично го почнаа мечот поведувајќи уште во 13. минута од средбата. Беше досуден пенал за Воска, кој успешно го реализираше Адеми…
Но, во последните минути од средбата шок за домашните. Најпрво во 85. минута Николиќ израмни на 1-1.
А, потоа во втората минута од судиското продолжение спектакуларен гол на Донов од 30. минута за победа од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА