Судење, во најмала рака, недораснато за Светско првенство имаа македонските ракометари на последниот натпревар против Исланд во групната фаза од Мундијалот во Франција.
Повеќе од смешни одлуки имаше во второто полувреме, кое успеаја до максимум да ги испровоцираат нашиот капитен Кире Лазаров, селекторот Лино Червар, но и македонската „Фаланга“ во неколку наврати „грмеше“ – „ИХФ мафија“…
Најпрво при повредата на Филип Миркуловски, кој повикуваше за прекин на играта, но судиите замижаа пред сето тоа дозволувајќи гол во противнапад за Исланѓаните…
Потоа и недосудениот прекршок за Лазаров, по што следеше негова реакција и исклучување…
За да аргентинските судии во еден момент, да бараат и „виновници“ по трибините за пластичните чаши на терен, насочувајќи кон трибината каде е сместена „Фалангата“…
На крајот, Македонија, сепак, стигна до реми, и покрај се, кое ја однесе до третото место во Групата Б и дуел со Норвешка во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА