Српскиот ММА борец Урош Медиќ доживеа тежок пораз од Пунахеле Сориано по само 30 секунди на УФС спектаклот во Лас Вегас.
Медиќ важеше за благ фаворит пред борбата, но Сориано му го расипа почетокот на 2025 година нокаутирајќи го по само 30 секунди.
Српскиот „доктор“, како што е препознатлив во ММА светот, доби директен удар во лице по што судијата го прекина мечот.
Punahele Soriano with the vicious KO.
UFC Fight Night 249 🇺🇸 pic.twitter.com/md0rvEkM8u
— Mason (@kasualmason) January 12, 2025
Урош Медиќ го претрпе третиот пораз во кариерата. Сега има 10-3, вклучително и 4-3 во УФЦ. Пунахеле Сориано, пак, врза две победи и сега е на 11-4. Ова е негов седми нокаут во кариерата. Има 5-4 во УФЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА