ВИДЕО: Српскиот коментатор се расплака на минутата молчење за жртвите во Кочани

Пред натпреварот Србија – Австрија во Лигата на Нации, кој се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“, имаше минута молк поради неколку трагични настани.

Минутата молк беше и за трагедијата во Кочани, потоа за смртта на голманот Радиша Илиќ, за смртта на екс фудбалерот на Партизан, Андрија Делибашиќ, на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ.

Во моментите на минута молк, не се воздржа ниту коментаторот на РТС, па се расплаче на преносот.

Се вчитува...