Видео: Стефан Ристовски со проектил – еврогол за кој уште долго ќе се говори

Агон Елези постигна два погодоци за Сараево на дуелот со Радник, но најубавиот потег на мечот беше дело на Стефан Ристовски, искусниот дефанзивец кој дебито во шампиоантот на БиХ го круниса со еврогол.

Ристовски најпрвин мајсторски се ослободи од чуварот туркајќи му ја топката низ нозе, а потоа со проектил од 25 метри го матираше гостинскиот голман.

Без дилема, ова ќе биде најубавиот гол во оваа рунда од шампионатот на БиХ, сигурно и еден од головите на полусезоната…

 

Се вчитува...