ВИДЕО: Столе Димитриевски одбрани пенал во 119. минута и ја однесе Валенсија во 1/16-финале од Купот на Шпанија

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е херојот на Валенсија во 1/32-финалето од Купот на Шпанија.

Димитриевски ја спаси Валенсија од бламажа откако во 119. минута од мечот на гостувањето против нисколигашот Картагена во „Копа дел реј“ успеа да одбрани пенал, по што му овозможи на својот тим да дојде до победа од 1-2 и пласман во 1/16-финалето на Купот.

Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1, па следеа продолженија на дуелот. И во 119. минута беше досуден пенал за Картагена, кој Димитриевски со одлична интервенција успеа да го одбрани…

А, потоа во 121. минута Васкез постигна гол за Валенсија и победа од 1-2.

Претходно Столе Димитриевски успеа да одбрани уште неколку одлични можности на домашните издвојувајќи се како херој на мечот за Валенсија.

Се вчитува...