Кошаркарите на Оклахома поведоа со 3-0 против Мемфис, откако на гостински терен победија со 114-108.
Во текот на втората четвртина, Мемфис водеше со 29 поени разлика (69-40), но Оклахома започна пресврт кон крајот на третата четвртина, и влезе во последната четвртина со минус осум, а подоцна дојде до целосен пресврт.
Во одлучувачките 12 минути, Оклахома ја презеде контролата и на крајот славеше со шест разлика (114-108).
Но, за Мемфис потежок момент сигурно е повредата на Џа Морант, кој се повреди на три минути пред крајот на првото полувреме, и мораше да ја напушти играта по страшен пад…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА