Тешка повреда за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој сосема извесно ќе ги пропушти двата квалификациски натпревари на Македонија против Украина и против Англија во јуни!
Одличниот напаѓач вечерва мораше да го напушти теренот во 31. минута од натпреварот на Абердин при водство на неговата екипа против Сент Мирен, откако противничкиот фудбалер Тјери Смол жестоко стартуваше, по што по проверка на ВАР доби директен црвен картон.
Според првичните информации од Шкотска, македонскиот репрезентативец има скинати лигаменти на глуждот а во моментов се проверува и дали има скршеница на зглобот. Но, јасно е дека Миовски, за жал, го чека подолга пауза, завршувајќи ја несакано актуелната сезона…
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА