Големото дерби меѓу Васко де Гама и Фламенко падна во втор план откако натпреварот заврши со победа на гостите од 0-1. Се што се случуваше на теренот остана во сенка на страшните сцени кои го завиткаа Рио де Жанеиро во црно.
Незадоволни од резултатот домашните навивачи почнаа да дивеат на крајот од дуелот. Полицијата мораше да реагира, но целата ситуација излезе надвор од контрола па еден навивач беше убиен од страна на полицаец кој пукал во самоодбрана.
Покрај убиенот 27-годишен навивач ранети се уште двајца навивачи, а пооделни фанови на домашните спас бараа со бегство во новинарските и ВИП ложите.
Хаосот потоа се пренесе и на улиците во Рио. Јавноста тврди дека била употребена прекумерна сила, а полицијата се брани дека единствено така можела да ја запре „полудената хорда“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА