Кошаркарите на Минесота ја победија Оклахома со 123-111, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Оклахома игра нестабилно во последните неколку натпревари, а по фантастичниот почеток на сезоната, полека ги покажува своите слабости, што домашниот тим го искористи во целост.
А, најдобриот играч на Минесота, Ентони Едвардс, беше особено инспириран бидејќи го имаше Шеј Гилџус-Александар спроти себе, па знаеше како да го прослави секој поен.
Во првиот дел, Тимбервулвс добија двоцифрена разлика, а во остатокот од натпреварот продолжија да се одлепуваат и без никакви проблеми ја зачуваа предноста.
Ентони Едвардс блескаше во Минесота со 26 поени, МекДениелс додаде 21, Рид 18, Гобер имаше 14 поени и 11 скока.
Во Оклахома, Шеј се истакна со 30 поени, Чет Холмгрен имаше 15, Волас имаше 13, додека Изеа Хартенштајн придонесе со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

