ВИДЕО: Струга ТЛ веќе кон финале во Купот, и АП Брера води со Вардар на полувремето

Струга ТЛ веќе ита кон финалето во Купот на Македонија откако има предност од 1-0 по првото полувреме и на реванш-дуелот против Шкендија.

По победата од 1-2 во Тетово на првиот меѓусебен дуел, стружани сега имаат водство по првите 45 минути и пред своите навивачи.

Водството на Струга ТЛ го донесе Укпа со погодокот уште во 19. минута од средбата.

И, АП Брера има предност од 1-0 на полувремето против Вардар. Струмичани до водство дојдоа со голот на Јанкулоски во 34. минута.

Вардар има предност од 3-0 по првиот натпревар во Скопје.

Се вчитува...