Македонскиот репрезентативец во карате, Емил Павлов, загуби од Русинот Плахутин на ЕП во Гвадалахара, но конечниот исход можеше да биде многу поинаков доколку судиите не направеа огромен превид, со што го оштетија нашиот каратист.
Павлов имаше чист удар со нога во главата на противникот, но судиите останаа неми, не давајќи му ниту еден бод иако за ваков удар според правилата следат три бода. На крајот овој момент се покажа клучен, Македонецот го загуби дуелот со 0-2, па сега ќе мора да се бори за бронза, наместо за златен медал.
„Тоа е дека ми беа одземени три поени. Сепак така е во спортот, има и неправди. Очекував злато, но ќе дадам се од себе да го победам ривалот од Романијаи да го освојам третото место, што сепак ќе претставува голем успех“ – прокоментира Павлов за „Штипски асови“ по завршувањето на борбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА