ВИДЕО: Супер-гол на Љупче Дориев за победа на Согдиана!

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев го запиша својот прв гол сезонава во дресот на Согдиана во шампионатот на Узбекистан.

Одличните свои партии низ претходните кола во узбекистанското првенство Дориев ги круниса со извонреден погодок во 17. коло за победа на својот тим од 2-1 против Навбахор.

Дориев одлично шутираше од 18 метри, постигнувајќи прекрасен погодок во 81. минута за водство и победа на Согдиана од 2-1.

Дориев, како и досега, се очекува да биде на списокот на селекторот Благоја Милевски за престојните септемвриски квалификации за пласман на ЕВРО 2024.

Се вчитува...