ВИДЕО: Супер-старт на дербито во Тетово – Силекс поведе, но Шкендија експресно израмни!

Супер-старт на дербито од 20. коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Силекс, со два гола уште во првите 10 почетни минути.

Уште на самиот почеток од мечот, Силекс поведе со 0-1 благодарение на погодокот на босанскиот интернационалец Алиќ.

Веќе во 5. минута, по една убава акција, Алиќ најдобро се снајде во мешаницата пред голот на домашните и стрелаше за 0-1…

Но, веќе во 10. минута Шкендија успеа брзо да израмни со мајсторскиот гол со пета на Крстевски, а на асистенција на Тамба…

Се вчитува...