ВИДЕО: Тајлер Хиро со „пресврт“ победи на натпреварот за три поени на Ол-стар викендот

Кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.

Хиро се мачеше да се пласира во финалето, каде беше подобар од Бади Хилд и Дариус Гарланд. A, Демијан Лилард, двократен победник, потполно не успеа, не успевајќи да го мине и првиот круг.

Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени, но во најклучните моменти успеа да погоди две зелени топки кои вредат три поени и триумфираше со конечни 24.

„Имав среќа“ – изјави Хиро по завршувањето на натпреварот.

Споменатиот Хилд се истакна во првата рунда со 31 поен, но во финалето застана на 23, па мораше да се задоволи со второто место. Покрај овие тројца и Лилард, учествуваа и Џејлен Брунсон (Њујорк), Кејн Канингем (Детроит), Кем Џонсон (Бруклин) и Норман Пауел (ЛА Клиперс).

Се вчитува...