ВИДЕО: Тенисер колабираше на Мастерсот во Мајами

Страотна сцена се случи на АТП Mастерсот во Мајами. Младиот шпански тенисер Никола Кун колабираше и падна на теренот во дуелот против Германецот, Миша Зверев. Кун не се чувствуваше најдобро уште во вториот сет, кога ја загуби предноста од 5-2 во гемови.

Инцидентот се случи во третиот сет кога младиот Шпанец беше во грчеви на теренот, а за среќа помошта стигна брзо.

„Тенисот е брутален спорт. Се надевам дека се ќе биде добро со него“, истакна канадскиот тенисер Денис Шаповалов, кој е добар пријател со Никола Кун.

 

Се вчитува...