ВИДЕО: Теодосиќ „полуде“, Црвена Звезда ја преживеа драмата во Лакташи и обезбеди полуфинале во АБА

Кошаркарите на Црвена Звезда ja победија Игокеa со 95-90 во Лакташи, во вториот натпревар од плејофот од четвртфиналето на АБА лигата, па по онаа прва победа од 87-77 сега со 2-0 во серијата си обезбедија место во полуфиналето од регионалното натпреварување.

Немања Недовиќ ја предводеше Црвена Звезда до победата со 26 поени и шест асистенции, а го следеше Филип Петрушев со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен, 10 скока и четири асистенции. Рокас Гедраитис, кој го погоди шутот за победа, исто така имаше двоцифрен број поени со 13 поени и три скока.

Џон Браун исто така одигра добра улога, постигнувајќи седум поени и 10 скока.

Кај Игокеа се истакна Брајс Џонс со 17 поени, седум скока и осум асистенции, додека Страхиња Гавриловиќ имаше 15 поени и пет скока.

Но, во крајно драматична завршница, мечот го одбележа инцидентот на неколку минути пред крајот, откако Теодосиќ направи прекршок над Јеремиќ. Искусниот српски ас „полуде“, влезе во конфронтација со судијата, а потоа побрза кон првиот ред на трибините, во близина на теренот.

Таму седеа спортскиот директор на АБА лигата, Милија Војновиќ и судискиот комесар Срѓан Дожај, на кои нервозниот Теодосиќ имаше што да му каже.

„Не се преправај дека си паметен“ – рече Тео гласно и јасно.

Се вчитува...