Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов продолжува со одличните настапи во дресот на полскиот суперлигаш Пјаст Гливице овој пат со погодок носејќи победа од 2-1 за својот тим на дуелот против Погон Шчечин во 28. коло од првенството.
Костадинов стрелаше во 26. минута за водство од 1-0, извонредно луцидно реагирајќи со мајсторски гол за својот тим.
Во продолжението Пјаст зголеми и на 2-0, а гостите во финишот со почесен погодок успеаја само да го ублажат поразот.
Piast Gliwice 1-0 Pogoń Szczecin – Tihomir Kostadinov 26′ (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer
Ова е втор гол за Костадинов сезонава во полскиот шампионат, по враќањето од паузата поради тешката повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА