ВИДЕО: Тиквеш и Брегалница по само 15 минути веќе водат со 2-0 против Струга ТЛ односно Воска

Експресни погодоци на натпреварите во Кавадарци и во Штип во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш помалку неочекувано по само 13 минути води со 2-0 против шампионот Струга ТЛ.

Уште во 6. минута со автоголот на Згуро, Тиквеш дојде до предност од 1-0, а веќе во 13.минута и Ибиши зголеми на 2-0.


Во Штип, пак, во 7.минута прекрасен гол на Зоран Андонов за водство од 1-0 на Брегалница против Воска Спорт. А во 16. минута Роналдо Вебстер по одличната топка од длабочина стрелаше за 2-0.


Се вчитува...