Македонецот со австриски пасош, Андреј Тодороски беше стрелец за ТСЦ Бачка Топола на дуелот против ОФК Београд во 5. коло од Суперлигата на Србија.
Тодороски на домашен терен погоди во 36. минута за 1-0 за својот тим, но ТСЦ со пресврт во второто полувреме загуби со убедливи 1-3.
А, еден од најзаслужените за пресвртот на ОФК Београд беше поранешниот младински репрезентативец на Македонија Стефан Деспотовски кој беше и асистент на вториот погодок за гостите во 69. минута за 1-2.
И Тодороски и Деспотовски ги одиграа комплетните 90 минути за своите екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

