ВИДЕО: Традицијата продолжува – „Спартанците“ со „Бисер балкански“ го прославија пласманот на ЕП

Македонските одбојкари уште еднаш ја израдуваа спортска Македонија со пласманот, четвртипат по ред, на Европско првенство.

Долгото, тешко, лето одбојкарите го заокружија на најдобар начин со пласманот на ЕП, а сето тоа, согласно традицијата заокружено на крај со неизбежната „Бисер балкански“.

Како и сите досегашни успеси, „спартанците“ и овој пат со легендарниот македонски хит неизбежно го прославија, заедно со навивачите во „Борис Трајковски“ новото свое место меѓу најдобрите во Европа.

Се вчитува...