Шкупи многу брзо успеа да израмни на 1-1 на гостувањето против Воска спорт во Охрид во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Веќе во 13. минута Шкупи дојде до израмнување и тоа благодарение на трагикомичната реакција на голманот на Воска, Хадис Велии.
Огромната грешка на Велии луцидно ја искористи Суад Сахити кој повеќе среќно постигна гол за 1-1.
Претходно, Воска Спорт дојде до предност со голот на Марушиќ уште во 11. секунда од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

