Палермо славеше пред своите навивачи со 2-1 против Козенца во 11. коло од Серија Б, во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Александар Трајковски запиша асистенција.
Се на натпреварот се случи во последните 15 минути. Трајковски асистираше од корнер на Салви за голот за водство на Палермо од 1-0 во 77. минута.
Гостите израмнија во 79. минута, но Пушкаш во 90. минута донесе триумф за Палермо со гол кој комплетно му припаѓа на Несторовски. Но, Пушкаш успеа само пред мрежата да го потврди погодокот и да го „украде“ голот на македонскиот напаѓач.
Палермо со оваа победа повторно е на лидерската позиција во Серија Б со 21 бод, два повеќе од второпласираната Пескара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

