Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски продолжува со одличната форма на стартот од сезоната во Шкотска.
Во третиот официјален натпревар за Данди јунајтед, Трапановски со нови два гола за својот тим, а веќе има и две асистенции.
Откако минатата недела забележа две асистенции и гол на дуелот против Стенхаусмур, денеска во шкотскиот Лига куп, македонскиот крилен офанзивец двапати стрела и против екипата на Баки. Одличната акција на неговиот Данди Јунајтед, Трапановски во 19. минута ја круниса за водство од 1-0. Стартер на овој натпревар е и вториот македонски интернационалец во тимот, Давид Бабунски.
Great @dundeeunitedfc move 👊
Kristijan Trapanovski with the opening goal of the game against Buckie Thistle 🍊#PremierSportsCup | @spfl pic.twitter.com/ron6llLIx2
— Premier Sports (@PremSportsTV) July 23, 2024
Во 53. минута Трапановски повторно стрелаше, сега и за водство од 3-1 на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА