ВИДЕО Трето полувреме на градското дерби на Ливерпул: Хаос, гужва и црвени картони

Евертон и Ливерпул поделија по бод во преостанатото 15. коло од Премиер лигата играјќи градско дерби со резултат 2:2, но не можеше да помине без препукувања во редовите на овие два ривали.

Ова беше многу возбудлив натпревар достоен за градско дерби, а во тесно финале „карамелите“ успеаја да одземат бод иако Ливерпул водеше до 98. минута од натпреварот.

По последниот судиски свиреж дојде до тепачка меѓу играчите, но по неколку минути се се смири. Во центарот на вниманието беа Дукур и Џонс, кои потоа добија црвени картони, како и менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

Се вчитува...