Борец Велес дојде до триумф од 2-1 во дерби пресметката од 17. коло во Втората лига – Исток против Кит Го, со што ја задржа убедливата предност на врвот од табелата.
Велешани до победата дојдоа со пресврт откако Кит Го поведе со убавиот гол на Мартин Стојанов во 17. минута по прекрасната акција од левата страна. Во вториот дел Борец израмни преку Ѓорѓи Ѓорѓиев во 70. минута кој мајсторски стрелаше од 12 метри, а Симеон Христов во 89. минута по еден брз контранапад и пропуст на гостинската одбрана ја донесе победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА