Македонската репрезентација до 16 години со 3-0 ја победи Црна Гора на првиот контролен натпревар одигран на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Нашата младинска селекција целосно доминираше на мечот, реализирајќи два погодоци во првото полувреме и еден во вториот дел.
Македонија постигна три прекрасни погодоци кои вреди да се погледнат. Адриан Велески со одличен продор даде гол за 1-0, а Марин Крстевски пред крајот на првиот дел со еврогол ја удвои предноста за Македонија.
По еден час од натпреварот, во 60.минута, Крстевски одлично асистираше до Ристиќ кој реализираше за конечни 3-0…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

