Повеќе од драматичен финиш имаше втората полуфинална пресметка од Купот на Македонија меѓу Алкалоид и Вардар која на крајот им припадна на ракометарите на Алкалоид со 25-24.
Вардар имаше напад за израмнување на 14 секунди до крајот и навистина умешно го изведе. Јасухира презеде одговорност и успеа да изнуди седмерец… Во тие моменти Јасухира гестикулативно се насочи кон противничките ракометари па настанаа и тензии на паркетот, и конфликт меѓу играчите на двата тим.
Откако се смири, Срдановиќ ја презеде одговорноста да го изведе пеналот за Вардар кој требаше да донесе израмнување и пенал-рулет. Но, тогаш на сцена стапи повторно голманот на Алкалоид, Галевски кој го запре последниот седмерец на Срдановиќ, за конечни 25-24.
Галевски, без сомнение, со три одбранети пенали и тоа во клучните моменти од мечот беше херојот на Алкалоид за пласман во своето прво историско финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА