ВИДЕО: Трилер-завршницата во Шведска – Погледнете како Вардар загуби од Кристијанштад!

Во крајно драматичен натпревар, Вардар го доживеа првиот пораз во ЕХФ Лигата на Европа, во третото коло, на гостувањето против Кристијанштад во Шведска со 32-31 (14-11).

Феноменален на голот на Вардар беше Валах со 19 одбрани, но „вардарци“ ниту тоа не успеаја да го искористат барем за реми, примајќи погодок на шест секунди пред крајот за пораз и губење на лидерската позиција во групата.

Иако во поголемиот дел од мечот „црвено-црните“ имаа постојана негатива, сепак на две минути пред крајот дојда и до водство од 30-31. Но, на една минута до крајот се дојде до 31-31 и напад за Вардар. Македонскиот не го искористи својот напад, а домашните имаа 26 секунди за напад, и на шест секунди пред крајот најдобриот поединец кај Кристијанштад, Монсон со гол донесе победа за својот тим од 32-31.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ ОД МЕЧОТ, ПРОМАШЕНИОТ НАПАД НА ВАРДАР И ГОЛОТ ЗА ПОБЕДА НА КРИСТИЈАНШТАД…

Се вчитува...