ВИДЕО: Цепелинот на Кузмановски – гол на мечот, како момент за утеха во поразот од Алборг

Ракометарите на Е. Пелистер нема со што многу да се пофалат по новиот, 13-ти, пораз на тимот во Лигата на шампионите. Пропадна и последната надеж на „зелените“ со прв бод да ги израдуваат барем малку секогаш верните навивачи во Битола, откако дански Алборг беше несовладлив со поквалитетна партија во текот на целиот натпревар.

Па, како еден вид утеха за „пелистерци“ останува убавиот погодок на репрезентативецот Филип Кузмановски на почетокот од второто полувреме.

Кузмановски натпреварот го заврши со извонреден процент на успешност, и девет постигнати гола од 11 обиди. Од нив најубавиот во 35. минута, кој и ЕХФ го издвои како гол на мечот…

Се вчитува...